Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Денеска беше очаен ден за собранието

82ff3884 f274 4c23 94f7 1c5ffbba28dc

Најпрво сакам да се извинам за срамот кој сакал или несакал го споделувам заради пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска беше очаен ден за собранието, значително се наруши дигнитетот на сите нас.

ВМРО-ДПМНЕ направи се што е можно да не успееме да го донесеме петиот сет на економски мерки кон граѓаните и компаниите.
Во целиот тој деструктивен занес и злоба посегнаа по колешка пратеничка само заради тоа што ја кажа вистината.

Дека се деструктивци, дека не им мислат добро на граѓаните ниту на државата.

Почитувани сограѓани, ние не можеме да контролираме кој од нас како пратеници утре ќе се зарази и ќе биде оневозможен да работи, едноставно не сме ние имуни на Корона вирусот.

Во исто време ве уверувам, покрај сета злоба ќе успееме и ќе го изгласаме новиот сет на економски мерки многу брзо.
Тоа сме го докажале многу пати до сега.

Ви се поклонувам на трпението и благодарам за разбирањето.

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на СДСМ Костадин Костадинов

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест