Утрински Весник
Политички Партии

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ покажа неодговорно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ покажа неодговорно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот

 

Скопје, 3 мај 2020
За само една недела, јавноста слуша сосема спротивни ставови од ВМРО-ДПМНЕ.
Прво Мицкоски, на 24 април изјави дека не му се јасни вторите 30 дена вонредна состојба и дека првите 30 денови „биле сосема доволни“.
Вчера, неговиот потпретседател, Александар Николовски, изјави дека „вонредната состојба треба да продолжи“, па дури и додаде дека тоа „не е прашање на нечија желба“.
Пред 1 недела Мицкоски вели едно, вчера Николовски вели друго.
Каква неодговрност и несериозност. Во ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање.
Или Александар Николовски повторно го корегираше Христијан Мицкоски?
Едно е јасно, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажаа крајно неодговорно и деструктивно однесување во клучните моменти од борбата против коронавирусот.
На почетокот на кризата тргнаа со потценување и исмевање на заканите по здравјето на граѓаните.
Длабоко врежана во меморијата на граѓаните останува онаа срамна изјава на Мицкоски на крајот од февруари дека „од СДСМ молеа бога да се случи корона вирус за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести“.
Секојдневни се и обидите за девалвирање на успешното справување со пандемијата со коронавирусот од страна на здравствените власти.
Наместо поддршка на напорите на Венко Филипче и неговиот тим, тие во екот на кризата водат негативна кампања против министерот за здравство со ширење лажни вести и невистини. Како примерот со Мицкоски кој излажа дека немало ниту 100 тестови во државата а илјадници се тесрираа.
ВМРО-ДПМНЕ се свесни за ова и затоа бегаат од секој еден демократски мегдан, бегаат од соочување со граѓаните. Затоа не сакаат функционално Собрание, затоа не сакаат нормализација и затоа не сакаат избори.
СДСМ и граѓаните сериозно се подготвуваат за новата реалност, за новата нормалност. Ги повикуваме сите граѓани за уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките.
СДСМ ќе продолжи да се однесува одговорно и секој следен чекор ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт