Утрински Весник
Македонија

Костадинов: Ако информациите се лажни, зошто Тошковски не поднесе пријава против мене

Костадинов: Ако информациите се лажни, зошто Тошковски не поднесе пријава против мене

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на својот профил на Фејсбук ја коментираше реакцијата на Панче Тошковски на информациите што тој ги изнесе на денешната прес-конференција во врска со работењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како директор на тогашен ЕЛЕМ, нагласувајќи дека ако тие се лажни зошто Тошковски не поднесе пријава против него.

– Гледам Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ реагирал на мојата изјава каде објавувам документи, кои претставуваат сериозни индиции за сторено кривично дело од страна на Христијан Мицкоски. Има две клучни поенти во изјавата и реакцијата. Имено, јас кажав дека случајот ќе го пријавам во надлежните институции. Од друга страна доколку како што вели Тошковски информациите се лажни и дека СДСМ клевети, зошто не поднесе соодветна пријава против мене? Мислам дека на сите ви е совршено јасно нели? Исплашени се и од поразот на 12 април, уште повеќе од правдата која следува, наведува Костадинов во статусот на својот Фејсбук профил. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Определен 48часовен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

Миле Јанакиески стана сопственик на градежна инвестициска групација

Ризвановиќ: Потребно е да се свика Советот за безбедност по предупредувањето на Мицкоски за подметнувања на пожари