Утрински Весник
Македонија

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат по однос на прашањето за случајот „Монструм“, изјави косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени во отсуство на доживотна казна затвор за убиство на четирите деца и рибарот на брегот на Смилковско Езеро во 2012 година.

Курти, на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев, рече дека неговата Влада од минатото наследила трагични случаи и тешки предмети.

„Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината“, изјави Курти.

Можете да прочитате

Последна седница на Собранието годинава, донесени повеќе закони по скратена постапка

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“