Утрински Весник
Македонија

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските граѓани.

Земај вели дека ваквата „избрзна одлука“ им нанесува штета на косовските граѓани и на бизнисот.

„Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата против коронавирусот“, напиша Земај на „Фејсбук“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од авионот до системот: Kолку чини неодговорноста?

СДСМ: Ако сѐ било по пропис со користењето на авионот зошто Владата не ги објавува листите со патници?

Тошковски: За запленетите 40 тони канабис има кривична пријава за 10 лица