Утрински Весник
Магазин

Кортни Кардашијан влегла во менопауза поради ИВФ третман

Кортни Кардашијан влегла во менопауза поради ИВФ третман

Кортни Кардашијан откри дека е во менопауза поради третмани за ин витро оплодување (ИВФ), форма на асистирана репродуктивна техника.

42-годишната Кортни, која ги има Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со поранешниот партнер Скот Дисик, била на третман за плодност бидејќи таа и свршеникот Тревис Баркер сакаат да имаат заедно бебе, но таа призна дека процесот не бил пријатен и дека таа била прилично разочарана од грубите тролови на интернет во врска со тежината што ја добила како резултат на третманот.

Во снимка од новото реалити-шоу „Д’ Кардашијанс“, Кортни вели: „Тревис и јас сакаме да имаме бебе, и така мојот лекар не одведе на овој пат на вонтелесно оплодување“.
„Тоа не беше баш некое неверојатно искуство“. И во друг разговор со нејзината мајка, Крис Џенер, основачката на Poosh се отвори за несаканите ефекти од третманот.

„Сите на социјалните мрежи пишуваа: Кортни е бремена, Кортни е бремена, Кортни толку многу се здебелила.“

„Толку е грубо да коментираш за луѓето кога немаш поим низ што всушност минуваат. Лековите што ми ги даваат, ме доведоа во менопауза. … Буквално во менопауза.“

Можете да прочитате

Бесплатни проекции на регионални филмови на Зимското издание на Фестивалската мрежа на Јадранскиот регион

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот