Утрински Весник
Македонија

Корона дијалози „Влијанието на новите политички и правни предизвиди од пандемијата“

Корона дијалози „Влијанието на новите политички и правни предизвиди од пандемијата“

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – На тема „Влијанието на новите политички и правни предизвици од пандемијата“ денеска ќе продолжи серијалот  Корона дијалози кои опфаќаат повеќе онлајн дискусии за влијанието на пандемијата врз општественото живеење и секојдневните текови.

Фокус во дискусијата, информира проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје, ќе биде ставен и на човековите права и слободи, влијанието на меѓународните организации, но и состојбата во земјата и оддржувањето на вонредни парламентарни избори.

На четвртата тема на денешните Корона дијалози ќе говорат д-р Мирјана Лазаревска Трајковска врховен судија на РСМ, проф. д-р Цане Мојаноски, проф. д-р Никола Дујовски, проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Горан Илиќ проф. д-р Елена Тиловска Кечеџи и проф. д-р Мирјана Ристовска од Правниот факултет во Битола.

– Во функција на новонастаната ситуација и оддржување на духот и мотивот кај студентите и професорите на Универзитетите, се оддржува серијалот на активности во овој период  со кој непосредно се остварува влијание во справувањето со новите предизвици и креирањето на јавните политики чија промена е нужна, но  и за  правните обврски и последници од нивната примена по завршување на вонредната состојба, смета иницијаторот и модератор на овие дијалози проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата