Утрински Весник
Спорт

Корона го тресе шпанскиот фудбал – Атлетик Билбао со шест позитивни!

Корона го тресе шпанскиот фудбал – Атлетик Билбао со шест позитивни!
Dik 300x250 mk

тлетик Билбао потврди дека шест членови на нивниот тим, фудбалери и членови на стручниот тим, имале позитивни тестови на корона вирус, зголемувајќи ја кризата со болеста во шпанскиот фудбал по потврдените позитивни случаи во Атлетико Мадрид, Валенсија и Барселона.

Фудбалерите и членовите на тимот биле на тест во вторникот при враќањето на работа во тренинг-кампот во Лезама, и потврдени се шест позитивни случаи – луѓето веќе се во изолација во своите домови.

Тимот ќе продолжи со тренинзи од четврток, а во петок ќе следу нова тура на тестирање на 32-те фудбалери повикани од тренерот Гаизка Гаритано.

Претходно, Атлетико Мадрид потврди два позитивни слуачи, Валенсија исто така имаше двајца позитивни, а Барселона има еден позитивен случај од „резервниот“ тим.

> Корона го тресе шпанскиот фудбал – Атлетик Билбао со шест позитивни! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето