Утрински Весник
Свет

Коронавирус во 37 училишта во Берлин, дел од учениците и вработените се во карантин

Коронавирус во 37 училишта во Берлин, дел од учениците и вработените се во карантин

Во 37 училишта во Берлин дел од учениците или вработените се во карантин бидејќи заболеле со Ковид-19, пишува весникот „Берлинер цајтунг“.

Весникот се повикува на списокот на Сенатот на градската администрација врз основа на извештајот на училиштата, по втората недела од новата учебна година.

Според тој список, околу 4,5 проценти од училиштата се погодени од короната.

Во повеќето училишта, еден ученик и еден наставник се заразени.

Сенаторката за образование, Сандра Сере, рече дека две недели по почетокот на новата учебна година, може да се заклучи дека училиштата не се жаришта.

Како што рече, заразата се носи од надвор во училиштата, а не доаѓа од училиштата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници