Утрински Весник
Свет

Коронавирусот регистриран во Вухан после една година, се тестира целото население

Коронавирусот регистриран во Вухан после една година, се тестира целото население
Dik 300x250 mk

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население за коронавирус, откако се појавија нови локални случаи на инфекција за прв пат по повеќе од една година.

Градот со 11 милиони луѓе ќе започне сеопфатно тестирање на нуклеински киселини врз сите жители, рече високиот претставник на Вухан, Ли Тао.

Властите вчера објавија дека се регистрирани седум нови случаи на инфекција во локално пренесување меѓу работниците мигранти во градот, по повеќе од една година без домашни случаи откако епидемијата беше запрена со невиден карантин на почетокот на 2020 година.

Во последните денови, Кина ги затвори жителите на цели градови во своите домови, ги прекина внатрешните транспортни врски и воведе масовно тестирање додека се бори против најголемата епидемија на коронавирус во последните неколку месеци.

Денес, 61 нов случај на инфекција со коронавирус беше регистриран во Кина, додека делта-сојот брзо се шири во градовите по првичната инфекција меѓу чистачите на аеродромот во Нанџинг. Ова жариште предизвика ланец на инфекција што се прошири низ целата земја.

Милиони граѓани се тестирани во Пекинг, делови од градот се блокирани, а сите блиски контакти на заразените се во карантин.

Можете да прочитате

Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво

Кнесетот прелиминарно усвои два закона за проширување на израелскиот суверенитет на Западниот Брег, Нетанјаху против

Новата премиерка на Јапонија свири тапани за опуштање, има црн појас во карате и вози мотор