Утрински Весник
Свет

Коронавирусот пристигна и на Антарктикот, регистрирани првите 36 заразени

Коронавирусот пристигна и на Антарктикот, регистрирани првите 36 заразени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Коронавирусот стигна и до последниот континент на Земјата. Првите случаи на вирусот се регистрирани нa Антарктикот.

Чилеанската армија соопшти дека 36 луѓе поврзани со базата на генералот Бернардо О’Хигинс Рикилме, на јужниот пол на планетата, биле позитивни на Ковид-19. Базата се наоѓа на крајниот западен дел на Антарктикот, близу до јужниот дел врв на Јужна Америка.Од нив 26 се членови на Чилеанската армија, а другите се претпоставува дека се работници.

Британското истражување на Антарктикот (БАС) соопшти дека „ризиците и последиците од пренесувањето на вирусот во дивиот свет на Антарктикот се во голема мера непознати“.

Најизолираниот континент на светот досега успеа да ја избегне пандемијата поради збир на околности.

Малиот број на луѓе и регулираните шеми за патување, го олеснија карантинот и надгледувањето на оние кои патуваат до јужниот пол. А постоеше и временски аспект – избивањето на пандемијата се совпадна со крајот на летната сезона.

Бројот на луѓе на Антарктикот многу варира помеѓу сезоните, околу 1.000 во текот на зимата и околу 5.000 во текот на летото.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати