Утрински Весник
Македонија

Коронавирусот однесе уште една жртва меѓу лекарите – почина д-р Грбовиќ од Брза Помош

Cc964753 1e19 4174 86cf d7672724d412

Уште еден македонски лекар почина од последиците на Ковид-19, објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук.

Д-р Сенат Грбовиќ, кој работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом Скопје, колегите го опишуваат како вреден и исклучително професионален и колегијален. Тој почина на 53-годишна возраст.

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат,“ напишаа од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари во објавата на тажната вест, под која од починатиот лекар се простуваат неговите колеги.

Можете да прочитате

Не отворајте лажни пораки за наводни сообраќајни прекршоци, алармираат од МВР

Митева: Владата ќе организира меѓународна конференција “За институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани”

Поддржани  измените и дополнувањата на Законот за возила