Утрински Весник
Свет

Коронавирусот мутирал околу 12 000 пати од почетокот на епидемијата

Коронавирусот мутирал околу 12 000 пати од почетокот на епидемијата

Коронавирусот мутирал околу 12 000 пати од почетокот на епидемијата, но ниедна мутација не е значајна за да се загрози производството на вакцини и вакцинацијата, вели Марија Гњатовиќ од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија.

Таа изјави за РТС дека сите вируси мутираат, но дека има среќа што САРС-КоВ-2 мутираше малку на места кои не се важни за процесот на производство на вакцини и вакцинирање.

„Сите вируси мутираат. Сепак, среќата со овој вирус е што тој мутира многу малку, на места кои не се важни за производството на вакцини и процесот на вакцинација или за одбрана од реинфекција во однос на употребата на веќе создадени антитела ако се појави рана инфекција”, објаснува тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти