Утрински Весник
Спорт

Коронавирусот го нокаутира тенисот: Нема АТП турнири до 31 јули

Познат германски тенисер местел натпревари
Dik 300x250 mk

Хамбург, 16 мај 2020 (МИА) – Суспензијата на АТП турнејата е продолжена до 31 јули поради пандемијата на коронавирус, соопштија од асоцијацијата. Турнирите за мажи во Хамбург, Њупорт, Лос Кабос, Гштад, Умаг, Атланта и Кицбил нема да бидат закажани според очекувањата.

– Поради континуираната неизвесност околу ситуацијата со коронавирусот, за жал мора да ја објавиме нашата одлука за продолжување на суспензијата на Турнејата“, се вели во изјавата на претседателот Андреа Гауденци.

Како љубители на тенисот, играчите и организаторите на турнирите ширум светот, вели тој, ние го делиме разочарувањето што Турнејата продолжува да страда од оваа тешка ситуација.

– Ние продолжуваме внимателно да ги разгледуваме сите опции во обид да го обновиме машкиот тенис што е можно поскоро, вклучително и флексибилноста на одржување на турнири подоцна во текот на годината. Повеќе од кога било, здравјето и безбедноста на тениската заедница и пошироката јавност останува наш главен приоритет во секоја одлука што ја носиме, додаде тој.

Во меѓувреме, портпаролот на Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека турнирите во Баштад, Лозана, Букурешт и Јурмала нема да се одржат поради пандемијата. Сепак, женските турнири во Палермо (20-26 јули) и Карлсруе (28 јули-2 август) сè уште остануваат на линија.

– Одлуката за турнирите во Палермо и Карлсруе ќе биде донесена по дополнителни информации, што Женската тениска асоцијација ќе ги претстави во јуни. За жал, ние мора да ги откажеме овие турнири, но ние продолжуваме да ги следиме лекарските препораки и ќе ја продолжиме сезоната едвај кога е безбедно да се стори тоа. Ние ќе ја следиме ситуацијата постојано и се надеваме дека ќе бидеме повторно на теренот што е можно поскоро, рече портпаролот на ВТА.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја