Утрински Весник
Свет

Коронавирусот ги погодува срцето и белите дробови и не овозможува обнова на нивната функционалност

Коронавирусот ги погодува срцето и белите дробови и не овозможува обнова на нивната функционалност
Dik 300x250 mk

Новиот коронавирус најтешко ги погодува срцето и белите дробови, особено ако пациентите добијат тежок облик на симптоми на ковид-19, изјави рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

„ Можеме да видиме дека на оние кои ја прележуваат инфекцијата на коронавирус, особено во нејзиниот тежок облик, секако потребна рехабилитација. Најранливи органи и системи се белите дробови. Друго значајно прашање кое исто така бара лекарска помош се срцевите проблеми, особено миокардитис“ напоменува рускиот министер.

Мурашко вели дека не се препорачува физичка активност поради силната исцрпеност.

„ Згора на тоа, болеста која е прележана не овозможува обновување на функционалноста и капацитетот на белите дробови“ додал тој.

Според последните податоци, над 11.965.900 луѓе се заразени со вирусот во светот и се пријавени повеќе од 547.000 смртни случаи.

Досега над 6.913.000 луѓе оздравеле од болеста во светот.

До денеска во Русија се потврдени 700.792 случаи на коронавирус, а 472.511 пациенти оздравеле.

Најновите податоци од Русија покажуваат дека имало 10.667 смртни случаи во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија