Утрински Весник
Спорт

Кореецот кој ги скрши италијанските срца пред 20 години вели дека е горд на победата

Dik 300x250 mk

Поранешниот напаѓач на Јужна Кореја Ан Џунг-Хван, кој пред 20 години ги скрши италијанските срца со победничкиот гол во драматичниот и контроверзен меч на СП во 2002, вели дека е горд на постигнувањето и додава дека Кореја ја заслужила победата.

Ан го постигна „златниот“ гол за 2:1 победата во осминафиналето на Мундијалот, меч кој уште не е заборавен во Италија поради контроверзните одлуки на еквадорскиот судија Бајрон Морено.

„Се сеќавам како да беше вчера. За мене и за мојата земја тоа беше навистина посебен меч. Никој не веруваше дека можеме да ја победиме Италија, но ние знаевме дека имаме сила, посебно поради подготовките на селекторот Гус Хидинк. Не се плашевме од Италијанците“, вели Ан во интервју за „Ла газета дело спорт“.

На тој меч судијата Морено досуди пенал во првото полувреме за Јужна Кореја, потоа го поништи златниот гол на Дамјано Томаси за контроверзен офсајд и му даде на Франческо Тоти втор жолт картон поради симулирање.

„Судиските одлуки се почитуваат, тука нема сомнеж. Можеби Морено направи грешки, и тогаш без ВАР систем тоа беше проблем. Ние ги прифаќавме судиските одлуки. Нашата победа беше заслужена“, додава Ан.

Судијата Морено се „отвори“ за скандалозниот меч Јужна Кореја-Италија од 2002

> Кореецот кој ги скрши италијанските срца пред 20 години вели дека е горд на победата <

Можете да прочитате

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување

Победа за македонските млади ракометари на квалификациите во Луксембург

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018