Утрински Весник
Македонија

Координативното тело на Општина Кичево воведе забрана за работа на сточниот и зелениот пазар во сабота

Координативното тело на Општина Кичево воведе забрана за работа на сточниот и зелениот пазар во сабота

Кичево, 20 март 2020 (МИА) – Општина Кичево со внимателност ја следи состојбата во земјава со коронавирусот и во овој поглед има формирано Координативно тело кое постојано ќе ја следи состојбата и ќе ги преземе сите мерки што ги препорачува Владата на РСМ.  Надлежните институции се подготвени и работат на терен за да се спречи проширувањето на вирусната епидемија во нашиот град.
На седницата на Координативното тело со која претседаваше градоначалникот на Општина Кичево Фатмир Дехари , се апелира до граѓаните на Кичево да ги почитуваат препораките и заклучоците на координативното тело.
За справување со вонредната состојба прогласена по пандемијата со коронавирусот , во целост да се почитуваат одлуките, насоките и препораките на надлежните институции и органи, во однос на постапување и преземање мерки за спречување на инфекцијата со корона вирусот, беше заклучено.
Во целост да се подржуваат и применат мерките за лична и колективна хигиена како во домашни услови така и во работните простории на институциите , веднаш да се преземат активности за дезинфекција на училиштата, работните простории на институциите и јавните површини на Општина Кичево.
-Апел до месното население да не се паничи и во целост да ги почитува мерките и да се придржува кон нив. Лицата кои се во карантин во целост да ги почитуваат правилата и да не излегуваат на отворено и ги загрозат и другите лица со можно ширење на заразата, се вели во заклучоците.
Во сабота се воведува забрана за работа на зелениот и сточниот пазар , со цел да нема масовни пазарења поради избегнување на можното ширење на коронавирусот. Во текот на наредните денови се забранува групното движење во спортскиот терен во Крушино. рз/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Секој насилник да носи електронска нараквица, трагедијата со Росица да биде последна“, бараат либералите

Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

Хотел ,,Ембла” ќе биде домаќин на ВМ Класик Рели – Запад