Утрински Весник
Македонија

Координативното тело на Општина Кичево на консултативна средба против корона вирусот

Координативното тело на Општина Кичево на консултативна средба против корона вирусот

Кичево,19 март 2020 (МИА) – Во просториите на Општина Кичево, на иницијатива на градоначалникот Фатмир Дехари,  денеска се одржа координативна средба со раководителите на локалните институциите за преземање мерки за превенција од Ковид-19.

На состанокот присуствуваа преставници на кичевската болница, полицијата, Ј.К.П.”Комуналец”, Дирецијата за заштита и спасување, Армијата и членовите на кабинетот на градоначалникот.

По средбата градоначалникот Дехари рече дека и тие како Општина, согласно препораките на Владата, ги преземаат сите мерки во борбата против корона вирусот.

– Извршена е дезинфекција на јавниот површини, како и дезинфекција на училиштата и градинката. И понатаму ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата, но без паника, бидеќи ако се придржуваме до препораките на надлежните јас сум сигурен дека ќе успееме, рече Дехари.

Директорот на Кичевската болница Станко Трпески рече дека тие, во согласност со можностите како болница, ги преземаат сите неопходни мерки.

– Дојдени се на помош и пензионираните инфектолози кои изразија спремност да помогнат во оваа ситуација, изјави Трпески.

Оваа координативно тело на Општина Кичево практично во секој момент ќе се бори со предизвиците што доаѓаат како последица од корона вирусот следејќи ги препораките на Владата.рз/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски, Собранието ќе ја констатира и оставката на претседателката на ДКСК Димитровска

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија

Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска