Утрински Весник
Свет

Кон: Пред 10 години не ни сонував дека во Србија ќе има антиваксерско движење

Кон: Ако не се почитуваат мерките, на натпреварите во Србија никогаш веќе да нема публика

Во последните 24 часа во Србија за коронавирус биле тестирани 11.711 лица, од кои 3.304 биле позитивни, додека 36 лица починале.

Според најновите податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 292 пациенти со тешка форма на Ковид-19.

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, денеска изјави дека вакцинацијата за здравствените работници во Србија треба да биде задолжителна и дека тој ќе го поддржи предлогот.

Додаде дека пред десет години не ни сонувал дека во земјата може да се создаде движење против вакцинацијата.

„Премногу внимание им посветуваме на антиваксерите. Нивното влијание во моментот е неверојатно”, рече eпидемиологот.

Кон посочи дека досега се вакцинирани 32 проценти од граѓаните во Белград.

„Оној што ќе избере да не се вакцинира го избра вирусот и ќе го ‘закачи’ сигурно, само не знае кога. Повторно ќе живееме нормално, само треба да се вакцинираме“, порача Кон.

Овие зборови на епидемиологот следат по веста дека неколкумина активисти против вакцините се уапсени оваа недела во Србија, поради ширење паника.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека еден од петте уапсени антиваксери бил вакциниран против коронавирусот, објави денеска „Танјуг“.

„Од петмината антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран и истовремено ги ширеше најстрашните можни лаги против вакцинацијата. Значи, излезе, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат”, изјави Брнабиќ додавајќи дека антиваксерите навистина ја загрозуваат националната безбедност, ширејќи паника преку социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Шпанија воведува платено климатско отсуство