Утрински Весник
Свет

Кон: Не се очекуваше ваков потенцијал на вирусот преку лето

Кон: Не се очекуваше ваков потенцијал на вирусот преку лето

Главниот епидемиолог на Србија, Предраг Кон, изјави дека не се очекувало новиот коронавирус да покаже ваков потенцијал преку лето.

„Оваа неочекуваност не се случи само кај нас. Секаде во светот со олабавувањето на мерките нагло се влоши состојбата“, вели Кон.

Тој за Н1 додава дека сè уште не смее да зборува за ситуацијата во Белград.

„Мислам дека сега сме на максимален втор пик. Многу е важно овие мерки да се воспостават, дури и да се применуваат санкции ако не се почитуваат истите“, истакна епидемиологот.

Кон наведува дека првичното затворање, со новите мерки е заменето со маски.

„Денеска постојат јасни истражувања кои покажуваат дека маската го штити поединецот само 30 проценти, но ако сите ја носат, тогаш штити над 90 отсто“, предупредува тој.

Кон смета дека моменталното сценарио не е најлошо што можело да се случи и тоа што се случува вториот бран за време на лето претставува олеснителна околност, бидејќи, како што вели, не се судира со сезонскиот грип.

Текстот Кон: Не се очекуваше ваков потенцијал на вирусот преку лето е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико