Утрински Весник
Свет

Кон: Здравствениот систем на Србија пред колапс

Кон: Здравствениот систем на Србија пред колапс

Епидемиологот и член на кризниот штаб, Предраг Кон, изјави дека здравствениот систем на Србија е на работ на преживување.

„Зборувајќи за што друго би можело, тешко дека има нешто повеќе. Дозволени се собири до пет лица, што значи дека апсолутно секој собир е забранет“, вели Кон, кој смета дека полицискиот час не е неопходен.

„Зошто ни е полициски час? Цел Белград е празен“, истакна тој.

Тој изјави дека е сигурен дека новите антиепидемиски мерки ќе имаат ефект. „Единственото прашање е колку ќе се види во бројките, бидејќи вирусот веќе навлезе во семејствата. Тоа е суштината”, рече Кон.

Тој посочи дека младите имаат релативно благи симптоми и дека присуството на вирусот се препознава само кога постарите ќе почнат да се разболуваат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд