Утрински Весник
Македонија

Концерти во Куманово како поддршка за борците против Ковид-19

Концерти во Куманово како поддршка за борците против Ковид-19

Куманово, 2 мај 2020 (МИА) – Два концерти ќе проследат кумановци за време на полицискиот час, информираат од Општина Куманово и од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.

Оркестарот на млади при НУЦК ,,Трајко Прокопиев” за време на полицискиот час одржа концерт со теми од македонската поп-рок музичка ризница, а во знак на поддршка на сите учесници во борбата со Ковид-19.

-Во ова време на пандемија Центарот за култура најде модус да допре до граѓаните преку онлајн содржини. Младинскиот оркестар функционира шест месеци, а концертот ќе биде прикажан на социјалните мрежи и локалната ТВ Плус-информира директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Утре, со пренос во живо на локалната телевизија со почеток во 16:00 часот во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово ќе се одржи првиот музички онлајн концерт во Куманово. Концерот е во вид на кампања за борба против Ковид-19 со мото #ОстаниДома на кој што ќе настапат кумановските пејачи, Маргица Антевска, Нино Величковски, Ивона Јовановиќ, Марио Арангеловски, Мартинијан Кириловски, Мартија Станојковиќ и дел од учесниците во проектот „Кумановци за Куманово”.ам/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор