Утрински Весник
Спорт

Конте: Спортските тимови можат да се вратат на тренинзи на 18 мај

Лече одигра нерешено со шампионот Јувентус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 27 април 2020 (МИА) – Премиерот на Италија, Џузепе Конте најавува дека спортистите што се занимаваат со индивидуални спортови можат да се вратат на тренинзи на 4 мај, а професионалните спортски тимови можат да продолжат со тренинзите на 18 мај.

Овој потег значи дека фудбалската лига во Серија А би можела да биде продолжена во јуни.

Серија А е суспендирана од 9 март, кога владата нареди затворање низ целата земја.

Остануваат уште 12 кола, плус четири натпревари одложени од 25 коло. Купот на Италија беше суспендиран по првиот натпревар од полуфиналето. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата

Претседателот на Фенербахче приведен во истрага за дрога

Адријана Поп Арсова и Андреас Трајковски најдобри македонски атлетичари во 2025