Утрински Весник
Спорт

Конте сака многу поширок состав за следната сезона

Конте лут на раководството на Интер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 24 април 2020 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте, очекува да има многу поширок состав за следната сезона. По неговото пристигнување во клубот, на негово барање, беа привлечени голем број играчи, но тимот е далеку од големината, што тој сака да ја има на располагање.

Минатата сезона, проблемите на Конте беа очигледни во некои натпревари во кои тој имаше многу ограничена резервна клупа. Тој сака да го поправи ова со намера да привлече играчи на кои може да смета.

Голема цел е Дрис Мертенс, пренесува „Газета дело Спорт“. Интер го побара белгискиот бек во јануари, кога Наполи се надеваше дека ќе потпише нов договор со Мертенс. Сега е речиси сигурно дека тој го напушта сегашниот клуб.

Ист е случајот со Оливие Жиру, чиј договор со Челси истекува. „Сините“ не го ослободија во јануари, но сега нема кој да го спречи и тој е пред вратите на „Меаца“.

Конте е заинтересиран да го земе Артур од Барселона за средниот ред, а има интерес и за Емерсон Палмиери од Челси.

Одбраната може да ја засили Јан Вертонген од Тотенхем, чиј договор истекува и веќе најави заминување.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk