Утрински Весник
Спорт

Конте сака да го покани Погба во Интер

Погба: Не очекував толку многу критики поради високиот трансфер
Dik 300x250 mk

Милано, 4 мај 2020 (МИА) – Интер има намера да се бори за играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, објави „Ла Газета дело спорт“.

Според италијанскиот весник, тренерот на „неро-азурите“ Антонио Конте не е импресиониран од настапите на Кристијан Ериксен, кој му се придружи на тимот во зима 2020 година и сака да го засили средниот ред. Се соопштува дека Интер е финансиски подготвен да го плати обешететувањето, но ќе побара од Погба да ја намали платата.

Во сезоната 2019/20, Погба настапи на осум натпревари за Манчестер јунајтед, тој има две асистенции на својата сметка.

Дваесет и седумгодишниот Французин го пропушти најголемиот дел од сезоната поради проблеми со глуждот. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува неговата вредност на 80 милиони евра. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен