Утрински Весник
Спорт

Конте подготвува чистка во Тотенхем

Конте подготвува чистка во Тотенхем

Понижувачкиот пораз од Мура, во Марибор, му ги отвори очите на новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте.

„Тотенхем во овој момент е далеку од врвните тимови. Сега навистина видов во каква ситуација се наоѓаме.“, изјави Конте.

Англиските медиуми тврдат дека Тотенхем ќе бара засилувања во зимскиот преоден рок, а според овие извори, Конте веќе ја направил листата на оние кои ќе го напуштат клубот.

Наводно на таа листа се Мет Дохерти, Деле Али, Дависон Санчез, Ден Дејвис, Хари Винкс, Танги Ндомбеле и Џек Кларк.

Листата може да биде проширена со уште некое име. Неколкумина имале рок до крајот на годината да му му докажат на менаџерот дека треба да останат во клубот.

> Конте подготвува чистка во Тотенхем <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина