Лондон, 12 мај 2020 (МИА) – Поранешниот менаџер на Челси, Антонио Конте го опиша Н`голо Канте како еден од најдобрите играчи со кои работел. Италијанецот, кој моментно го води Интер, го пофали францускиот репрезентативец.
– Мислам дека може да игра на која било позиција во средниот ред. Зборуваме за неверојатен играч. Тој е неверојатен со и без топка. Кога го имате Н`голо во тимот, можеби ќе помислите дека играте со човек повеќе. Тој работи секој ден со насмевка, тој е многу позитивна личност. Канте е еден од најдобрите играчи што сум го имал во кариерата како тренер, изјави Италијанецот.
Тренерот изјави дека има убави сеќавања за престојот во Челси, и покрај начинот на кој замина.
– Како целина, не е лесно за тренер во тим на високо ниво. Кога сте во таков клуб, барањата се многу високи. Мора да победуваш, за да ја задржиш својата работа. Моето искуство во Челси беше неверојатно, имам одлични сеќавања за мојата врска со играчите, навивачите и клубот, сподели Конте.