Утрински Весник
Спорт

Конте го носи Манџукиќ во Интер

Конте го носи Манџукиќ во Интер

Интер е последниот тим кој покажува интерес за искусниот хрватски напаѓач Марио Манџукиќ. Манџо неодамна, по само шест месеци, го раскина договорот со Ал Духаил. Тој е слободен во изборот на новиот клуб.

„Газета дело Спорт“ тврди дека тренерот на Интер Антонио Конте бил сериозно заинтересиран да го донесе Манџукиќ во Интер.

Инаку од трката за потписот на напаѓачот се повлече Локомотив Москва откако тој побарал плата од осум милиони евра за две сезони.

Маџукиќ во кариерата играл за Марсонија, Динамо Загреб, Волфсбург, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

О’Саливен испиша историја во снукерот

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко