Утрински Весник
Спорт

Конте: Во џебот немам парче од Скудетото, тамо имам само 40 евра

Конте: Во џебот немам парче од Скудетото, тамо имам само 40 евра

Интер, синоќа, направи уште еден голем чекор во походот на шампионската титула. На „Џузепе Меаца“, фудбалерите на Интер ја добија Аталанта со 1:0.

Интер, на челната позиција во Серија А, има има шест, односно десет поени предност, во однос на Милан и Јувентус.

По мечот со Аталанта, новинарите го прашале тренерот на Интер, Антоно Конте, дали во џебот веќе има парче од Скудетото, амблем кој на дресот го носи шампионот на Италија.

„Ако побарам, во џебот ќе најадам само 40 евра. Толку пари ми останаа откако го наполнив резервоарот“, одговорил Конте.

„Франс Фудбал“, минатата година пишуваше дека Конте, од платата, бонусите и спонзорските договори, годишно заработува 30 милиони евра.

> Конте: Во џебот немам парче од Скудетото, тамо имам само 40 евра <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Убедлив триумф на македонските кошаркари против Азербејџан

Партизан ја одби оставката на Обрадовиќ

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам