Утрински Весник
Спорт

Конте верува дека Интер има шанса за врвот

Конте верува дека Интер има шанса за врвот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Милано, 22 јуни 2020 (МИА) – Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте ја коментираше победата над Сампдорија (2:1) во натпреварот од 25. коло од италијанскиот шампионат. „Неро-азурите“ го намалија јазот од лидерот Јувентус на шест бода.

– Оваа вечер немавме друг избор освен да постигнеме победа со цел да ја намалиме разликата со Јувентус на шест бода. Имаме надеж дека можеме да постигнеме нешто необично. Можевме да го решиме мечот порано ако реализиравме повеќе од нашите шанси. Наместо тоа, примивме гол по првиот удар на Сампдорија. Беше добра игра како и да е, изјави Конте.

Се надевам дека овие натпревари ќе ни помогнат да разбереме дека е неопходно да се „убие“ противникот во спортска смисла, да се убие интригата во играта, кога ќе им се даде шанса. Заостануваме шест бода зад лидерот. Пред нас се 12 кола. Немаме право на грешка и ќе се обидеме да искористиме евентуален кикс на Лацио и Јувентус, додаде Конте. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028