Утрински Весник
Спорт

Конте бара да му го донесат Љоренте

Конте бара да му го донесат Љоренте

Антонио Конте се обидува да донесе уште еден напаѓач во Интер, напаѓач кој ќе биде замена за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Бидејќи Интер немаат пари за скап трансфер, изборот падна на искусниот Фернандо Љоренте.

Шпанецот е играч на Наполи, но во новата сезона речиси и нема шанси да заигра покрај Мертенс, Осимен и Петања.

Наводно Интер има намера да го позајми од Наполи и да ја преземе неговата плата. Поранешниот играч на Атлетик Билбао, Тотенхем и Јуветус има годишна плата од 2.500.000 евра.

> Конте бара да му го донесат Љоренте <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија