Утрински Весник
Македонија

Конкурсот за најдобри есеи за средношколци по повод Денот на Европа истекува утре

Конкурсот за најдобри есеи за средношколци по повод Денот на Европа истекува утре

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Европското движење во Република Северна Македонија соопшти дека утре (30 април 2020) истекува рокот за пријавување на Конкурсот за најдобри есеи за средношколци на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“ што го организира  по повод одбележувањето на претстојниот Ден на Европа – 9 Мај.

Есејот треба да одговори на прашањето колку сме блиску до ЕУ и на кој начин младите можат да учествуваат во евроинтеграциските процеси, односно дали тие доволно ги познаваат европските вредности.

Условите од Конкурсот може да се прочитаат на линкот http://europeanmovement.org.mk/konkurs-za-najdobri-esei/

За најдобрите есеи, кои ќе бидат објавени на фејсбук-страницата и на интернет-страницата  Европското движење доделува парични награди, а Словенечката амбасада – обука во една европска држава.

-Сите активности за одбележување на Денот на Европа годинава ќе се одвиваат онлајн поради пандемијата на КОВИД-19, така што покрај конкурсот за најдобар есеј, Европското движење организира и избор за најдобра фотографија, онлајн-дебата за искуствата од Еразмус плус програмата, како и онлајн-квиз за знаењата за Европската Унија, соопшти Европското движење во Република Северна Македонија. хс/са/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влада: Само во јули регистрирани 620 пожари

Тошковски: Точно е дека има информации дека ДУИ планира дестабилизација, но граѓаните не треба да бидат загрижени

Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони вода врз пожарите на Илинска планина, Беласица и Градманци