Утрински Весник
Спорт

Конате ги минал лекарските прегледи – Ливерпул ќе платат 40 милиони евра

Конате ги минал лекарските прегледи – Ливерпул ќе платат 40 милиони евра
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот клуб Ливерпул го договори првиот трансфер во летниот преоден рок. „Црвените“, се договориле со дефанзивецот на лајпциг, Ибрахим Конате.

Според медиумите, претпладнево, 21-годишниот фудбалер успешно ги минал лекарските тестови. Ливерпул наскоро ќе го официјализира трансферот.

Во овој случај, Лајпциг, не можат да реагираат, бидејќи Ливерпул ја активирале откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.

Лајпциг, за наредната сезона, ќе мора да најде нова штоперска двојка, бидејќи партнерот на Конате, Дајот Упамекано, кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен.

> Конате ги минал лекарските прегледи – Ливерпул ќе платат 40 милиони евра <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите