Утрински Весник
Спорт

Комјунити шилд ќе се игра на 29 август

Комјунити шилд ќе се игра на 29 август

Сезоната 2020/2021 во Англија ќе започне на 12 септември меѓутоа првиот натпревар во новата сезона ќе се одигра на 29 август.

Традиционално сезоната во Англија започнува со Комјунити шилд, натпревар во кој се среќаваат шампионот и победникот во ФА купот.

Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека овој натпревар ќе биде одигран на 29 август. Шампионот Ливерпул ќе игра против Арсенал или Челси. Клубовите од Лондон на 1 август ќе се сретнат во финалето на ФА купот.

Најмногу пати Комјунити шилд го освоиле фудбалерите на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ 21 пат победиле на отворањето на сезоната, следуваат Арсенал и Ливерпул со по 15 трофеи.

> Комјунити шилд ќе се игра на 29 август <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување