Утрински Весник
Македонија

Комуналците од регионот Пијанец-Малеш на работилница за управување со инфраструктурни средства

Комуналците од регионот Пијанец-Малеш на работилница за управување со инфраструктурни средства

Берово, 3 март 2020 (МИА) – Претставници на комуналните претпријатија од Делчево, Берово и Пехчево учествуваа на работилница за управување со инфраструктурните средства во Белград, Србија. На работилницата, како што информираше Илија Рунтевски, директор на Јавното комунално претпријатие „Услуга“ најмногу се разговарало за советодавните услуги кои комуналните претпријатија од Југоисточна Европа ги добиваат за управување со инфраструктурните средства.
-Целта на работилницата беше информирањето на комуналните претпријатија за значењето на проектот, мотивирањето на учесниците за имплементација во наредната фаза и овозможување и проектирање на поддршка на комуналните претпријатија, во управувањето со инфраструктурните средства и управувањето со дистрибуцијата и намалувањето на неприходуваната вода, информира Рунтевски.
Во рамките на проектот, како што додаде, предвидени се активности насочени кон подобрување на квалитетот на услугите, како и јакнење на капацитетите на комуналните претпријатија.
Проектот е финансиран од страна на Германската влада преку ГИЗ Програмата и се спроведува во четири земји во југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. вс/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор