Утрински Весник
Македонија

„Комунална хигиена“-Скопје со апел за навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на отпадот

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје формираше Кризен штаб

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до корисниците преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

– Во текот на изминатите два месеца, „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од претпријатието.

Додаваат дека седум пати во неделата, во три смени, екипите го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје. Минатиот месец, тие за само седум дена отстраниле над 500 метри кубни несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.

– Би сакале да ги потсетиме жителите на градот Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од  ЈП „Комунална хигиена“- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе, изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари

МЕТЕОАЛАРМ РАНА НАЈАВА: Од 26 септември голема временска промена, многу врнежи и значително ладно!

Загадениот воздух ни го краде вниманието и ги заматува емоциите, покажува ново истражување