Утрински Весник
Македонија

Компјутерски лаборатории за три училишта во Валандово

Компјутерски лаборатории за три училишта во Валандово

Валандово, 25 февруари 2020 (МИА)

Преку проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој беше финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во соработка со 24 општини,денеска валандовските училишта „Гоце Делчев“, „Јосип Броз Тито“ и „Страшо Пинџур“, добија нови компјутерски лаборатории и училишен медиум.

Имплементацијата на овој проект е од голема важност за општина Валандово и за квалитетот на образовниот процес во училиштата од општината, рече валандовскиот градоначалник, Перо Костадинов при изразуваето благодарност до швајцарската амбасада и УНДП.

-Безрезервно сме благодарни за поддршката и се надеваме дека ќе реализираме уште многу заеднички проекти кои ќе придонесат до поголема демократија, зголемена одговорност и потранспарентно општество,нагласи Костадинов.

Со 3,36 милиони Швајцарската агенција за развој го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата кои се клучни тела за развојот на партиципативната демократија со што помага да се подобрат општинските услуги во областа на образованието, животната средина, водоснабдувањето, комуналните услуги, урбаното планирање и културата.

-Овој проект ќе направи значителен придонес во отвореноста на институциите што ќе ја зголеми довербата на граѓаните во нивните избрани претставници, а со тоа преку Форумите на заедницата, процесот на буџетирање на локално ниво ќе добие поголем легитимитет и доверба од граѓаните, рече во обраќањето пред валандовчани швајцарската амбасадорка Сибил Сутер.

Реализацијата на проектот за опремување на училиштата во Валандово чинеше 2,7 милиони денари. им/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути