Утрински Весник
Македонија

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменици министри

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменици министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше замениците-министри во Владата.

Башким Хасани, е избран за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи, Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии, Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,а Илхан Рахман за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Фатмире Исаки е заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство, Арафат Шабани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за образование и наука,Енвер Хусејин, за заменик на министерката која раководи со Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,Седат Сулејмани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и Христина Оџаклиеска, за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

На именувањето на замениците на министрите во Владата, му претходеше обраќање на претседателот на Владата Зоран Заев, во кое тој образложувајќи ја предлог-листата со 16 заменици-министри, изрази уверување дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Северна Македонија, како и интересите на сите нејзини граѓани.

„Сега е време да доработиме и да сработиме. Да ја исполниме нашата обврска да го испорачаме ветеното. Заедно со вас пратениците, со граѓаните, да продолжиме да пишуваме успешни страници за иднината, на нашата демократија и заедно да го чекориме патот до подобра иднина за сите“, истакна премиерот Заев на собраниската седница, на која ја претстави листата на заменици-министри во Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер