Утрински Весник
Македонија

Компаниите од ТВ и филмскиот сектор се без приходи и бараат итни мерки за помош

Компаниите од ТВ и филмскиот сектор се без приходи и бараат итни мерки за помош

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Телевизиската и филмската индустрија е целосно и сериозно загрозена од кризата и без можност за остварување каков било промет, зашто беше прва на удар со донесена одлука од 28 февруари да се откажат сите јавни собири. Со ова е загрозена целата креативна индустрија во државава која вклучува голем број останати сектори и поединци, реагираше Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, ТВ и филмски продукции.

-Бараме исплата на бруто плата за цел период на траење на пандемијата односно до укинување на забраната за одржување јавни собири и исплата да почне да важи од март бидејќи како компании сме затворени уште од крајот на февруари. Нашата гранка беше прва што престана да работи на 28 февруари и со тоа ние останавме без можност за било какви проходи. Ние немаме можност за онлајн или шалтерска продажба, а нашите компании во моментов се под клуч и се со промет од нула денари, рече на прес-конференција Петар Георгиевски-Камиказа од „Евент индустрија“ во име на сите компании во здружението.

Го поздравуваат, рече, напорот на Владата за помош на стопанството, но сметаат дека мерките се недоволни и недоречени кога е во прашање нивната индустрија и затоа бараат итни и системски мерки.

Соопшти дека се засегнати околу сто компании од овој сектор и околу 400 вработени, но се работи за над илјада ако се земат предвид  сите актери, како и новинари и луѓе за ПР  кои работат за хонорари.

Неговата компанија, рече Георгиевски, работи над 20 години и во тој период  на државата и има платено над еден милион евра во придонеси, преку ДДВ, персонален данок и данок на добивка.

-Повеќе од компаниите вклучени во оваа индустрија имаат платено над два милиона евра. Овие пари кои компанијата ги бара се адекватни на пребродување на оваа мала криза која би требало да биде овие три месеци, а ние, се разбира, ќе ги сносиме сите останати трошоци кои опфаќаат плаќање кирии, ДДВ кон државата и сите останати давачки, истакна Георгиевски-Камиказа, додавајќи свесни се дека нивната работа уште долго ќе биде суспендирана зашто забраната за јавни собири последна ќе биде укината, но и дека треба да постои свесност за значењето на креативната индустрија која не смее да се дозволи да згасне. хс/са/

Ивент индустријата бара решителни мерки од Владата

Posted by MИА.mk on Петок, 03 април 2020

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!