Утрински Весник
Македонија

Комора на сметководители: Ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена

Комора на сметководители: Ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – Голем дел од самостојните вршители на дејност се уште немаат добиено средства за април иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена, соопшти денеска Комората на сметководители.

Комората бара продолжување на мерките за финансиска поддршка и апелира институциите да ги усогласат ставовите за да не се создава дополнителна конфузија при имплементацијата.

Во услови на економска криза, нагласува Комората, промовирањето репресивни мерки е непотребно.

– За мерката финансиска поддршка на приватниот сектор во износ од 14.500 денари по вработен која е особено актуелна, циклусот за април е завршен, за мај е во тек, а се соочуваме со технички неусогласености и предизвици за реализација. Деновиве сме сведоци на разни толкувања од страна на надлежни институции, коморите и синдикатите за начинот на искористување на средствата. Таквите толкувања доведуваат до заблуди, зголемувајќи ја правната несигурност кај колегите сметководители, како и кај клиентите со кои соработуваме, рече на прес-конференција Александра Андреева, член на УО на Комората на сметководители.

Согласно законските прописи, истакна Андреева, во случај кога зависно од дејноста има делумно или целосно запирање на работниот процес, дозволено е пресметување и исплата на нето плата во износ од 50 или 70 отсто.

-Ова беше соопштено на официјалната веб страница на Владата, а во повеќе наврати го потврди и министерката за финансии, повикувајќи се на одредбите од член 112 од Закон за работни односи. Оттука, неосновани се тврдењата кои се наjавуваат изминативе денови, со закана за контроли и враќање на средствата со камата доколку не е исплатен целиот износ од 14.500 денари како нето плата. Уредбата никаде не се повикува на бруто или нето плата, туку средствата се јасно дефинирани како финансиска поддршка за исплата на плата. Во условите за аплицирање и одобрување на оваа мерка, пропишано е единствено компанијата да има пад на приходот за 30 отсто во однос на споредбен период, како и задржување на бројот вработени неколку месеци по завршувањето на мерката. Никаде не се поврзува со висината на исплатената нето плата, напомена Андреева.

Според Благоја Грозданов, исто така член на УО на Комората, дел од дејностите воопшто не се почнати со работа, поради што се неопходни навремени реакции за помош.

-Комората на сметководители постојано укажува на потребата од меѓуинституционална координација и слух за потребите на реалниот сектор од терен. Голем дел од самостојните вршители на дејност се уште немаат примено средства за април, иако уредно поднеле барање и барањето им било одобрено. Сите параметри укажуваат дека ликвидноста на над 65 проценти од претпријатијата е сериозно нарушена. Тука не се изземени ниту сметководствените бироа, кои во најголем број поради ограничувачките пропишани услови, за жал, не можеа ниту да алицираат за некоја од понудените економски мерки, рече Грозданов. мч/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја