Утрински Весник
Политички Партии

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот што го зафаќа образованието станува непоправлив

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот што го зафаќа образованието станува непоправлив

По земјотресот што новата реформа и негрижата го растресоа и онака кревкиот образовен систем, не е ни чудо што следува хаос, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Потсетуваме на неколку информации што во последно време можевме да ги чуеме и прочитаме: Ученик мавнал со ранец наставничка. Директорката го забошотува случајот за побрзо да се куртули од ученикот, кој е деветто одделение. Наставник со метален предмет удрил ученик по глава, кој завршил во болница. Родител пријавува физички напад на ученик среде бел ден. Прашуваме дали вчера во ОУ ‘Владо Тасевски’ во Карпош девојче од седмо одделение е нападнато од страна на постар маж? Што правело обезбедувањето на училиштето? За наставата, изостаноците и за оценките друг пат“, е потенцирано од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, велат од оваа партија, само потенцираме дека хаосот што го зафаќа образованието добива такви размери што станува непоправлив.

„Министерката си даде усна оставка и изгледа заврши со сите обврски, освен оние што лично ја интересираат неа, односно нејзината партија, а се сведени на набавки и огласи. На Мила Царовска, да ѝ беше жал барем за децата, па да преземеше нешто, што и да било, макар само за нивна безбедност“, стои во писмената реакција од оваа партија.

Образованието и знаењето, додаваат од таму, се очигледнно светлосни години далеку од неа!

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт