Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија
Dik 300x250 mk

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

„Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарaзна.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава“ соопшти Министерството за здравство.

Оттаму апелираат до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва голема полициска акција, се апси во Рашче

Жалбите отфрлени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати