Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести демантира дека донела одлука за целосно олабавување на мерките

Продолжен викенд, со продолжен полициски час

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките, заради тоа што тие не биле почитувани од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.

Сите досегашни мерки и предлози до Владата, велат оттаму, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.

– Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи д-р Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести, посочуваат во соопштението. мс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети девизи, злато, цигари, бижутерија, ветеринарни препарати, музички инструменти и домашна ракија

Казна затвор од седум години и шест месеци на зет за обид за убиство на семејството на неговата сопруга

Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град” и да не споделуваат лични податоци