Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести даде препорака за укинување на маските и во средните училишта

Комисијата за заразни болести даде препорака за укинување на маските и во средните училишта

Комисијата за заразни болести (КЗБ) денес и препорача на Владата да се укинат задолжителните маски и за средношколците, откако се укинаа за учениците во основните училишта и да се дозволи одржување на екскурзиите во основните и во средните училишта кои досега беа забранети како мерка за заштита од коронавирусот. Портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ извести дека релаксирањето на мерките ќе продолжи и следната недела.

„Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија. Се намалува бројот на хоспитализации, се празнат болничките капацитети, имамае намалување на бројот на новозаразени и во насока на тоа КЗБ одлучи да даде препорака за укинување на маските во средните училишта, откако претходно помина и одлуката за укинување на маските за основните училишта. Се донесе и уште една одлука, а тоа е да се овозможи организирањето екскурзии за учениците од основните и од средните училишта. За укинување на останатите мерки кои се уште се во сила ќе почекаме уште една недела“, рече Мехемдовиќ.

Тој нагласи дека трендот е позитивен и дека доколку така продолжи веќе следната недела на дневен ред на Комисијата може да се најде укинувањето на маските и на факултетите како и други мерки кои треба да се укинат.

Владата синоќа, две недели откако Комисијата препорача, ги усвои препораките за укинување на маските за основците и укинување на обврската гостите што седат во отворените делови на угостителските објекти да имаат сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19.

Можете да прочитате

Уметници од Новогодишниот концерт во Скопје останаа без хонорари, се подготвуваат тужби

Никола Пановски доживеал хорор: Паднал од велосипед пред возило џип – за малку да ме прегазеше

Традиционален концерт по повод Василица 2025 на 11 и 13 јануари во Националната опера и Балет