Утрински Весник
Македонија

Комисијата за заразни болести го одобри предложениот протокол за јавни настани

Комисијата за заразни болести го одобри предложениот протокол за јавни настани

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести денеска на состанок го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во изјава за медиумите по посетата на Детската болница Козле, Филипче рече дека денеска е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електрионски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

– Мислам дека е одличен проткол. Здруженијата земаат и обврска самите да го контролираат  спроведувањето на превентивните мерки на местата каде што ќе има настани, што е апсолутно за пофалба таквиот нивни професионален пристап, истакна министерот за здравство. хс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците