Утрински Весник
Свет

Комбинација на вакцините на „Астра зенека“ и Спутник лајт – откриен голем скок на антитела кај вакцинираните

Комбинација на вакцините на „Астра зенека“ и Спутник лајт – откриен голем скок на антитела кај вакцинираните

Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на „Астра зенека“ и засилувачка доза на „Спутник лајт“ против Ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето од тестираните, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Податоците се собрани од 20 луѓе кои учествувале во истражувањето на 100 луѓе во Азербејџан, кое започна во февруари, пишува „Ројтерс“.

Учесниците во студијата прво ја примиле вакцината на „Астра зенека“, а 29 дена подоцна трета, засилувачка доза на „Спутник лајт“, соопшти РДИФ.

„ Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела кон протеинот САРС-КоВ е откриено кај 85 проценти од волонтерите на 57-от ден од студијата“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Потребни се посилни механизми против назадувањето на новите членки на ЕУ

Сибиха: Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа