Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Командантот на маринците повика на итно деблокирање на Мариупол: Ситуацијата е критична

Командантот на маринците повика на итно деблокирање на Мариупол: Ситуацијата е критична
300x250 opst2

Командантот на 36-та специјална бригада на украинските маринци Сергеј Волина ги повика властите што поскоро да го деблокираат Мариупол, со воени или политички средства.

Волина пред украинската правда изјави дека руските сили напредуваат од утрово и дека ситуацијата е критична. Според него, Мариупол може да се спаси или со итна воена операција или со политичка одлука.

Волина додаде дека украинските маринци немаат намера да се предадат и се подготвени за борба, но дека ситуацијата се влошува.

Руските единици и силите на самопрогласената ДНР го опколија Мариупол на 7 март. Поголемиот дел од градот е под контрола на руските сили, а конфликтите продолжуваат главно во областа на фабриката Азовстал, каде се крие значителен дел од националистичкиот одред „Азов“.

Можете да прочитате

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната