Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Колку кошта една реклама на Инстаграм профилот на Кристијано Роналдо?

Колку кошта една реклама на Инстаграм профилот на Кристијано Роналдо?
Img 7972

Кристијано Роналдо остварува големи приходи од изнајмувањето на рекламниот простор на својот профил на Инстаграм. На оваа социјална мрежа, Роналдо има 308 милиони пријатели.

Тој од врвот го симна американскиот актер Двејн Џонсон. Според „Hopper HQ“, компанија која се занимава маркетинг на социјалните мрежи, од изнајмувањето на рекламниот простор на Инстаграм, Роналдо може да заработи 1,6 милиони долари.

Доколку сакате да се рекламирате кај Двејн Џонсон, кој има 250 милиони пријатели, тој ќе ви наплати 1,52 милиони долари. Малку поевтина е поп-ѕвездата Аријана Гранде (1,51 милиони долари).

На профилот на Лионел Меси (224 милиони пријатели), рекламниот простор се изнајмува за 1,1 милиони долари.

> Колку кошта една реклама на Инстаграм профилот на Кристијано Роналдо? <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент