Утрински Весник
Македонија

Колку е опасен Ковид-19?

Колку е опасен Ковид-19?

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – На отворената веб страница на Министерството за здравство http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/, покрај владините препораки, упатства за заштита и постапување, листата на земји со ниско, средно и со високо ниво на ризик, е поставена и информација за тоа колку е опасен Ковид-19 и кои се симптомите и манифестaциите на болеста.

– Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со 2019-nCoV може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои лица може да се јави потешка клиничка слика, односно може да дојде развој на пневмонија или тешкотии во дишењето, се наведува меѓу другото во инфомацијата.

Има одговори и за тоа дали може Ковид-19 може да се пренесе од човек на човек, кој се може да се зарази, кој е изложен на ризик од развој на потешки симптоми, колку долго вирусот преживува на површини (линк до информацијата). са/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва на „Охридско лето“ концерт на анасамблот „Реј“ од Турција

ЕМОФ Скопје 2025 ќе биде отворен во недела со парада на спортски делегации и сценско-музички спектакл

СДСМ бара поништување на огласот за вработување во М-НАВ