Утрински Весник
Спорт

Коларов ја заврши кариерата

Српскиот фудбалер Александар Коларов (37) стави крај на професионалната кариера.

За репрезентацијата одигра 94 натпревари, играјќи на две светски првенства, во 2010 и 2018 година.

Професионалната кариера ја започна во Чукарички во 2004 година, од кој две години подоцна се пресели во ОФК Београд.

Од Карабурма замина на Апенините каде три сезони го носеше дресот на Лацио, а игрите во вечниот град му го донесоа најголемиот трансфер во кариерата.

Беше тоа трансферот во Манчестер сити, каде што помина седум години, освојувајќи две Премиер лиги, два ФА купа, два Лига купа и еден Комјунити Шилд.

Тој се врати во Рим во 2017 година, но како играч на Рома каде мина три сезони, пред да се пресели во Интер, со кого летово му истече договорот.

> Коларов ја заврши кариерата <

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот